ГЛАСОМЕР е онлајн алатка за едукација и мерење на претпочитувањата на гласачите во врска со понудите на политичките опции на парламентарните избори 2011г. во Република Македонија. Гласометар функционира на тој начин што граѓаните одговараат на 54 прашања во долгата верзија, односно 31 прашање во кратката верзија, поделени во 8 области, со цел да го проверат нивото на согласување на своите ставови со ставовите на политичките партии во Македонија. Во претходните неколку недели, сите политички партии во Македонија добија покана да одговорат на едноставен прашалник и на тој начин да ги известат граѓаните за своите ставови, мислења и намери. Најголем дел од клучните политички субјекти ја искористија оваа можност за транспарентен контакт со електоратот и нивните одговори се внесени во системот. Понуда да одговорат на прашалникот беше доставена до сите партии , до претседателите на партиите, шефовите на изборниот штаб и до други посочени одговорни лица. На прашалникот одговорија повеќето клучни партии. Дел од партиите до овој момент немаат доставено пополнети прашалници. Во случај тимот на Гласомер да ги добие и нивните одговори, тие ќе бидат додадени во системот за граѓаните да може да увидат во која мерка се согласуваат со нив. |
Политичкиот спектар овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини. Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност, која ќе се прикаже по одговарањето на сите прашања на тестот. |
|