За Гласомер
ГЛАСОМЕР е онлајн алатка за едукација и мерење на претпочитувањата на гласачите во врска со понудите на политичките опции на парламентарните избори 2011 г. во Република Македонија. Гласомер функционира на тој начин што граѓаните одговараат на 54 прашања во долгата верзија, односно 31 прашање во кратката верзија, поделени во 8 области, со цел да го проверат нивото на согласување на своите ставови со ставовите на политичките партии во Македонија.
Експертската група која работеше на изборот на најважните области, на изборот на најважните прашања од тие области, се одлучи на 8 области, кои ги опфаќаат општествените, социјалните, економските и другите апекти:
- Здравствена политика, вработување, социјални, боречки и избеглички права
- Правда, политички систем, самоуправа, надворешна политика, интеграции
- Енергетика, животна околина, развој
- Образование, култура, религија, млади, спорт, медиуми
- Монетарна, финансиска и даночна политика
- Полиција и војска
- Економска политика, трговија
- Колективни и индивидуални права, граѓанско општество
Одговарањето на прашањата, граѓаните го вршат на ист начин како и политичките партии кои се вклучени во апликацијата Гласомер, одговарајќи на еден од понудените 4 одговори:
- Потполно не се согласувам
- Делумно не се согласувам
- Делумно се согласувам
- Потполно се согласувам
Повеќе информации за пополнување на прашалникот, самата апликација, разликата помеѓу кратката и долгата верзија, понудените резултати може да погледнете на другите линкови од менито.