Проверете со која партија најмногу се согласувате

Гласомер е онлајн алатка за едукација и мерење на претпочитувањата на гласачите во врска со понудите на политичките опции на парламентарните избори 2011 г. во Република Македонија. Гласомер функционира на тој начин што граѓаните одговараат на 54 прашања во долгата верзија, односно 31 прашање во кратката верзија, поделени во 8 области, со цел да го проверат нивото на согласување на своите ставови со ставовите на политичките партии во Македонија.

Во претходните неколку недели, сите политички партии во Македонија добија покана да одговорат на едноставен прашалник и на тој начин да ги известат граѓаните за своите ставови, мислења и намери. Најголем дел од клучните политички субјекти ја искористија оваа можност за транспарентен контакт со електоратот и нивните одговори се внесени во системот.

Партиите кои до 25.05.2011 г. одговорија на прашалникот (по азбучен ред) се:

  • ВМРО-НП – Внатрешна македонска револуционерна организација – Народна партија
  • ДПА – Демократска партија на Албанците
  • ДУИ – Демократска унија за интеграција
  • ЛДП – Либерално-демократска партија
  • НДП – Национална демократска преродба
  • НА – Нова Алтернатива
  • НД – Нова Демократија
  • НСДП – Нова спцијалдемократска партија на Македонија
  • ОМ – Обединети за Македонија
  • ПЕИ – Партија за европска иднина
  • СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија

Понуда да одговорат на прашалникот беше доставен и до преостанатите партии. Во случај тимот на Гласомер да ги добие и нивните одговори, тие ќе бидат додадени во системот за граѓаните да може да увидат во која мерка се согласуваат со нив.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ не испрати официјален одговор и заради нивната важност, oдговорите за ВМРО-ДПМНЕ се дадени според нивни изјави по дадени прашања или постапки кои одразуваат ставови во претходниот период. Доколку не се согласуваат со проценките на тимот, се уште е отворена можноста да го пополнат прашалникот официјално.

Одговорете ги прашањата и дознајте со која партија најмногу се согласувате.

3 коментари na “Проверете со која партија најмногу се согласувате”

  1. Goran says:

    Znaci vladeackata partija nema interes da ogovori na prasanja. Za niv e najvazno sto ke kazat nivnite odnapred plateni sonazi :-(

  2. Vlatko says:

    Бенефиции за бранителите и овк?!?!
    Тие за вас се иста категорија?!?!

  3. лајтнан says:

    За која партија сте гласале?
    Неможе да се избере ВМРО – Нардона партија, онаа која има трет најдобар резултат од македонскиот блок партии, а ги има НСДП, ЛДП и други… ова не е коректно