Пополнување

По стартувањето на апликацијата корисниците ќе пристапат до низа логички јасни и интуитивни екрани кои ќе ги спроведат низ компјутерската апликација Гласомер. Овде ќе се осврнеме на функциите на Гласомер и ќе ја објасниме функционалноста на оваа компјутерска апликација:

  • Рангирање на областите по важност
  • Екран со прашања за корисниците
  • Преглед
  • Демографија
  • Резултати

Рангирање на областите по важност

Овој екран им овозможува на корисниците на едноставен начин да рангираат 8 области опфатени со Гласомер. Корисниците би требало да го базираат ова рангирање според тоа кои од областите би биле помалку или повеќе важни за избор на одредена партија. Корисниците имаат можност да ја рангираат секоја област како поважна или помалку важна или да ја задржат како подеднакво важна.

Доколку корисниците ги рангираат областите според своите претпочитувања, ќе влијаат на резултатите од гласомерот на тој начин што сите партии чиишто одговори се совпаѓаат со одговорите на корисниците во областите рангирани како поважни ќе бидат подобро рангирани во вкупните резултати, додека во исто време сите партии чиишто одговори се совпаѓаат со одговорите на корисниците во областите рангирани како помалку важни ќе бидат пониско рангирани во вкупните резултати.

Наша препорака е да ги рангирате областите по важност според вашите претпочитувања, затоа што Гласомер е дизајниран да ви помогне што попрецизно да дојдете до својот фаворит на парламентарните избори 2011г. во Македонија.

Во називот на секоја област има и инфо икона, која ќе ви овозможи во нов екран да посетите детално објаснување на состојбата во оваа област во Македонија. Текстовите наведени овде претставуваат упориште за дефинирање на прашања од поединечни области и можат да помогнат во дефинирањето на важноста на поединечни области.

Екран со прашања за корисниците

Овој кориснички екран е основниот дел на целата апликација што овозможува корисниците да изберат одговори на прашањата, така што ќе кликнат на една од опциите на четиристепената скала:

  • Целосно се согласувам
  • Делумно се согласувам
  • Делумно не се согласувам
  • Целосно не се согласувам

Корисникот може да избере да прескокне одредено прашање доколку смета дека тоа прашање не е битно за неговиот/нејзиниот избор на политичка опција. Доколку го направи тоа, тоа прашање нема да влезе во конечниот збир, ниту пак ќе има влијание врз резултатите од прашалникот. Потребно е да се обрне внимание на тоа дека колку помалку корисниците одговараат на прашањата толку ќе биде помала базата за пресметување на степенот на совпаѓање на мислењето на корисниците со партиите опфатени со Гласомер, така што оваа опција треба да се избере за оние прашања кои корисникот навистина ги смета за помалку битни за своето мислење.

Со секое прашање има инфо таг означен со мала икона („i“) под кој се наоѓа основната информација за тоа зошто е поставено прашањето и што би значело позиционирањето на корисникот на една од страните на четиристепената скала.

Инфо копчето може да ви помогне и вам да го тестирате сопственото сфаќање за политичкиот спектар (лево – десно, либерално – конзервативно), затоа што наведените објаснувања се напишани со намера да ги толкуваат политичките теории на конкретниот пример кој го третира секое поединечно прашање.

Преглед

Преглед е назив на интерфејсот кој вас ќе ви овозможи да видите дали сте одговориле целосно или делумно на сите прашања од поединечни области, односно дали сте прескокнале да одговорите на прашања од поединечни области.

Ова е точка од која можете да се вратите на поединечна област и да одговорите на пропуштени прашања, односно да ги промените одговорите на некои или сите прашања од некоја или од сите области.

Откако ќе завршите со сите евентуални корекции, со клик на копчето „Заврши“ преминувате во делот со резултати и потоа повеќе нема да бидете во можност да се вратите и да вршите корекција на своите одговори.

Секако, со следното стартување на апликацијата можете повторно да минете низ апликацијата и да дадете други одговори на поединечни прашања.

Демографија

Ова е кориснички екран што ви овозможува анонимно да ги оставите вашите основни демографски податоци, кои ќе се користат исклучиво и само за статистички анализи.

Секако, одговарањето на овој прашалник не е задолжително, но ќе помогне да се генерираат статистики кои ќе ни помогнат на сите нас подобро да го сфатиме политичкото општество во Македонија.

Резултати

Резултатите се сетови од прикази кои ви овозможуваат да ги споредите своите одговори со одговорите дадени од политичките партии. Делот за резултати ги нуди следниве прегледи:

  • Потполно согласување со одговорите на партиите
  • Согласување со одговорите на партијата по области
  • Согласување со одговорите на повеќе партии по една или повеќе области
  • Степен на согласување со одговорите на партиите по повеќе рангирани области
  • Поклопување на одговорите на корисникот со одговорите на избрана партија
  • Преглед на одговорите на партиите

Потенцираме дека Гласомер ви овозможува да ги испратите вашите резултати на вашата е-пошта. На овој начин си овозможувате трајно да ги зачувате вашите одговори во сандачето на вашата е-пошта.