Понуда да одговорат на прашалникот беше доставена и до следните партии. Тимот на Гласомер испрати покани до претседателите на партиите, шефовите на изборниот штаб и до други посочени одговорни лица, користејќи ги сите комуникациски средства посочени од самите партии.
Следните партии сè уште немаат испратено официјални одговори на прашалникот (по азбучен ред):
- ВМРО-ДПМНЕ – Внатрешна македонска револуционерна организација-Демократска партија за македонско нацинално единство, контактирана по пошта, факс и е-пошта
- ДД – Демократска десница, по е-пошта
- ДОМ – Демократска обнова на Македонија, контактирана по пошта, факс и е-пошта
- ДПСМ – Демократска партија на Србите во Македонија, контактирана по пошта, факс и е-пошта
- ДПТМ – Демократска партија на Турците во Македонија, контактирана по пошта и е-пошта
- ДС – Демократски сојуз, контактиранапо пошта, факс и е-пошта
- ОПЕ – Обединета партија за еманципација, по е-пошта
- ПДП – Партија за демократски просперитет, контактирана по пошта
- СДАМ – Странка на демократска акција на Македонија, контактирана по пошта
- СРМ – Сојуз на Ромите од Македонија – контактирана преку е-пошта
- СПМ – Социјалистичка партија на Македонија, контактирана по пошта, факс и е-пошта
Во случај тимот на Гласомер да ги добие и нивните одговори, тие ќе бидат додадени во системот за граѓаните да може да увидат во која мерка се согласуваат со нив.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ не испрати официјален одговор и заради нивната важност, oдговорите за ВМРО-ДПМНЕ се дадени според нивни изјави по дадени прашања или постапки кои одразуваат ставови во претходниот период. Доколку не се согласуваат со проценките на тимот, се уште е отворена можноста да го пополнат прашалникот официјално.
Одговорете ги прашањата и дознајте со која партија најмногу се согласувате.
trebalo malku podobro da gi prilagodite prasanjata… navistina imase malku vreme za spremanje za izborite, ama ova e skoro kompletna replika na bosanskite prasanja, a nekoi ne odgovaraat za nasiot kontekst voopsto… na primer, ni edno od prasanjata ne e za imeto, a ocigleno e znacenjeto na ova prasanje i za izborite, i za rejtingot na politickite partii kaj nas. Sreka sto bosancite go imaat dejton, pa i vo vasite prasanja go ima ofa…. sepak, tnx sto go napravivte ova! kako za pocetok, ok e.
p.s pojasnuvanjata do polinjata za popolnuvanje kaj komentarov vi se na bosanski…