Glasomer.Mk http://glasomer.mk Дознајте со која партија најмногу се согласувате Tue, 30 Jul 2013 11:11:21 +0000 en-US hourly 1 http://wordpress.org/?v=3.5.1 Партии кои до сега не одговориле на прашалникот http://glasomer.mk/partii-koi-ne-odgovorile/ http://glasomer.mk/partii-koi-ne-odgovorile/#comments Wed, 25 May 2011 15:56:03 +0000 admin http://glasomer.mk/?p=36 Понуда да одговорат на прашалникот беше доставена и до следните партии. Тимот на Гласомер испрати покани до претседателите на партиите, шефовите на изборниот штаб и до други посочени одговорни лица, користејќи ги сите комуникациски средства посочени од самите партии.

Следните партии сè уште немаат испратено официјални одговори на прашалникот (по азбучен ред):

  • ВМРО-ДПМНЕ – Внатрешна македонска револуционерна организација-Демократска партија за македонско нацинално единство, контактирана по пошта, факс и е-пошта
  • ДД – Демократска десница, по е-пошта
  • ДОМ – Демократска обнова на Македонија, контактирана по пошта, факс и е-пошта
  • ДПСМ – Демократска партија на Србите во Македонија, контактирана по пошта, факс и е-пошта
  • ДПТМ – Демократска партија на Турците во Македонија, контактирана по пошта и е-пошта
  • ДС – Демократски сојуз, контактиранапо пошта, факс и е-пошта
  • ОПЕ – Обединета партија за еманципација, по е-пошта
  • ПДП – Партија за демократски просперитет, контактирана по пошта
  • СДАМ – Странка на демократска акција на Македонија, контактирана по пошта
  • СРМ – Сојуз на Ромите од Македонија – контактирана преку е-пошта
  • СПМ – Социјалистичка партија на Македонија, контактирана по пошта, факс и е-пошта

Во случај тимот на Гласомер да ги добие и нивните одговори, тие ќе бидат додадени во системот за граѓаните да може да увидат во која мерка се согласуваат со нив.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ не испрати официјален одговор и заради нивната важност, oдговорите за ВМРО-ДПМНЕ се дадени според нивни изјави по дадени прашања или постапки кои одразуваат ставови во претходниот период. Доколку не се согласуваат со проценките на тимот, се уште е отворена можноста да го пополнат прашалникот официјално.

Одговорете ги прашањата и дознајте со која партија најмногу се согласувате.

]]>
http://glasomer.mk/partii-koi-ne-odgovorile/feed/ 1
Проверете со која партија најмногу се согласувате http://glasomer.mk/so-koja-partija-najmnogu-se-soglasuvate/ http://glasomer.mk/so-koja-partija-najmnogu-se-soglasuvate/#comments Wed, 04 May 2011 07:47:00 +0000 admin http:/?p=1 Гласомер е онлајн алатка за едукација и мерење на претпочитувањата на гласачите во врска со понудите на политичките опции на парламентарните избори 2011 г. во Република Македонија. Гласомер функционира на тој начин што граѓаните одговараат на 54 прашања во долгата верзија, односно 31 прашање во кратката верзија, поделени во 8 области, со цел да го проверат нивото на согласување на своите ставови со ставовите на политичките партии во Македонија.

Во претходните неколку недели, сите политички партии во Македонија добија покана да одговорат на едноставен прашалник и на тој начин да ги известат граѓаните за своите ставови, мислења и намери. Најголем дел од клучните политички субјекти ја искористија оваа можност за транспарентен контакт со електоратот и нивните одговори се внесени во системот.

Партиите кои до 25.05.2011 г. одговорија на прашалникот (по азбучен ред) се:

  • ВМРО-НП – Внатрешна македонска револуционерна организација – Народна партија
  • ДПА – Демократска партија на Албанците
  • ДУИ – Демократска унија за интеграција
  • ЛДП – Либерално-демократска партија
  • НДП – Национална демократска преродба
  • НА – Нова Алтернатива
  • НД – Нова Демократија
  • НСДП – Нова спцијалдемократска партија на Македонија
  • ОМ – Обединети за Македонија
  • ПЕИ – Партија за европска иднина
  • СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија

Понуда да одговорат на прашалникот беше доставен и до преостанатите партии. Во случај тимот на Гласомер да ги добие и нивните одговори, тие ќе бидат додадени во системот за граѓаните да може да увидат во која мерка се согласуваат со нив.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ не испрати официјален одговор и заради нивната важност, oдговорите за ВМРО-ДПМНЕ се дадени според нивни изјави по дадени прашања или постапки кои одразуваат ставови во претходниот период. Доколку не се согласуваат со проценките на тимот, се уште е отворена можноста да го пополнат прашалникот официјално.

Одговорете ги прашањата и дознајте со која партија најмногу се согласувате.

]]>
http://glasomer.mk/so-koja-partija-najmnogu-se-soglasuvate/feed/ 3